Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа
МАКЕДОНИЈА

Анестезиологот кој снимаше пациентки и ги објавуваше на ТикТок се враќа на работа

Објавено May 14, 2026 12:13
Сподели
Сподели

Три години по апсењето кое предизвика голема јавна реакција, анестезиологот Валтон Дервиши од Болницата во Тетово се очекува да се врати на работа, откако судовите го поништија решението за негово отстранување.

Тој беше уапсен, а потоа и осуден на 15 месеци затвор за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија, како и за објавување на дел од материјалите на ТикТок.

Според подоцнежниот тек на судските постапки, првичната затворска казна и дисциплинските мерки биле изменети во поблаги процедури, додека дел од обвиненијата се преквалификувани по заверени изјави и нови судски одлуки.

Тоа влијаело Лекарската комора и судовите да констатираат дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Според Законот за работни односи, вработен може да добие отказ ако со правосилна одлука му е забранета дејноста или има изречено казна затвор подолга од шест месеци.

Во судските постапки ниту колегите, ниту сниманите пациентки не се приклучиле на кривичниот прогон, потврдува адвокатот на Клиниката во Тетово, Дарко Котески кој посочи дека последната надеж за преиспитување на институционалниот исход клиниката Тетово ја гледа во ревизија пред Врховниот суд кој засега се уште не постапил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неандерталците биле способни да изведуваат стоматолошки интервенции
Следна Статија Во Битола убиена 31-годишна жена, сопругот лишен од слобода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
BlogМАКЕДОНИЈА

Денеска е Балаклија – Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води

Првиот петок по Велигден, во православниот календар познат како Источен Петок или Балаклија, е празник посветен на Пресвета Богородица. Овој…

April 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец: „Патувај со ангелите златно дете“

Тага, шок и неверување! Имаше само 32 години и светла иднина пред себе, а замина засекогаш во вечноста! Македонската јавност…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина

Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?