Анкета: Граѓаните сè уште не веруваат дека СДСМ се исчистил од криминал

- Advertisement -

Според најновата анкета на МКД.мк, граѓаните на Македонија не им веруваат на тврдењата на СДСМ за борба против криминалот. Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека партијата не успеала да се ослободи од лица вмешани во коруптивни и криминални скандали.

Имено, 52,7% од анкетираните се убедени дека СДСМ сè уште не се исчистил од поранешните проблематични кадри. Само околу 11% — најчесто активни членови на партијата — веруваат дека процесот на прочистување е успешен.

Анкетата беше спроведена во периодот од 20 март до 17 април 2025 година, користејќи телефонско интервјуирање со компјутерска поддршка (CATI метод). Опфатен беше репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, со статистичка грешка од ±3% и ниво на доверба од 95%.

Примерокот ги отсликува основните демографски карактеристики на македонското население според податоците од Пописот во 2021 година — вклучувајќи регионална припадност, пол, возраст и етничка структура.

Сподели ја оваа статија