Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Објавено April 26, 2025 16:16
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

“Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk – од денес се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните судови, тоа се, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.” – изјави Андоновски

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

“Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури.“

Андоновски истакна дека намерата е граѓаните повеќе да не чекаат со часови пред судските шалтери и архиви. Во таа насока истакна дека целта на Министерството е едноставна, но ефикасна: „Граѓаните да поминуваат повеќе време со своите семејства, со своите пријатели, и да придонесуваат кон економијата, а помалку пред административни шалтери.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Граѓаните сè уште не веруваат дека СДСМ се исчистил од криминал
Следна Статија Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мобилните телефони забранети во училиштата на Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донесе низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на работен појадок со германската стопанска комора

Имав работен појадок со германската стопанска комора во Берлин, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?