Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Објавено October 14, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се одржа јавна расправа на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

Посочувајќи дека жените од руралните средини, како и ранливите категории на граѓани, повеќекратно се соочуваат со нерамноправност и дека нивната инклузија на пазарот на труд е хроничен проблем, претседателката се осврна на бариерите, клучните проблеми и предизвици со кои тие се соочуваат и повика на преземање на конкретни мерки од страна на државните институции, но и приватниот сектор, со цел нивно редуцирање и отстранување.

Потенцирајќи дека нивната инклузија не претставува само морален, туку и економски императив, таа истакна дека жените од руралните средини претставуваат неискористен извор и неисцрпен потенцијал за одржлив развој, и нивното невклучување во пазарот на трудот се одразува не само врз економскиот раст и развој, туку и врз иновациите.

„Токму жените во руралните средини се столбот на заедницата во која живеат. Кога велам заедницата, не мислам на семејната заедница, мислам на социјалниот амбиент. Не само што имаат клучна улога, туку се неверојатно иновативни во земјоделството, притоа не го запоставуваат семејството, имаат смисла за локалната економија и имаат едно чувство за право и за правда, кое можеби звучам себично, но мислам дека е поизразено одошто кај мажите“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Меѓу клучните проблеми, претседателката ги посочи инфраструктурата и нерамномерниот регионален развој, немањето редовен превоз, недостигот од градинки, ограничениот пристап до здравствени услуги и до квалитетно образование. Таа истакна дека инвестициите во овие области се неопходни за жените од руралните средини да можат да ги балансираат работните и семејните обврски, како и сите други, и да бидат рамноправни со жените во урбаните средини.

„Низ призма на образованието голем дел од жените сè уште се ограничени и не е многу пријатно чувството човек да рече дека, сè уште девојчињата од руралните средини понекогаш имаат проблем со заокружување на образованието. Без соодветно образование тие не се компетитивни како мажите, или ако сакате, лишени се од нормалниот пат на стекнување вештини, кои се бараат при формалното вработување, или кои се потребни за да отпочнете сопствен бизнис. Затоа потенцирам, обезбедувањето на пристап до квалитетно образование треба да биде приоритет зошто тоа ќе ги направи посилни, ќе им овозможи поинаков пат за напредување, кој можеби и не го замислувале“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Како важни алатки за надминување на јазот помеѓу руралните жени и пазарот на труд, како и за вклучување во глобалната економија, претседателката ги нотираше технологијата, нивно обучување и оспособување за користење на дигиталните платформи и поголеми можности за работа од далечина.

Повикувајќи се на темелните вредности од Уставот, таа посочи дека нашата обврска за правда, правичност и недискриминација се однесува кон сите, вклучувајќи ги и руралните жени и ја потенцираше важноста од нивно охрабрување, промовирање на жените-лидери од овие средини и создавање на политики за севкупна инклузија.

Во таа насока, претседателката истакна дека и компаниите треба да се охрабрат да вработуваат обучени жени од руралните области, а државата да создава услови за тоа и да го креира амбиентот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите
Следна Статија Наредната недела почнува вакцинацијата против грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата донесе итни мерки: Да не се работи на отворено од 11 до 17, флексибилно работно време, климатизирани простории и јавен превоз

Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога хуманоста ќе те чини 150 евра – дарувањето крв на скопјанец му донело казна од ПОЦ и трошоци за извршител

Кенан Абди, скопјанец кој досега дарувал крв повеќе од 20 пати, сподели на социјалните мрежи искуство што го стави во…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

На Самитот на НАТО ќе има разговори помеѓу Македонија и Бугарија, ќе се вклучи и ЕУ

Премиерот Мицкоски најави дека на претстониот НАТО самит во Хаг ќе има средба помеѓу претставници на Македонија и Бугарија и…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?