Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите

Објавено October 14, 2024 17:51
Сподели
Сподели

Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје – Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година.

Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко – хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.

Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 500 милиони евра вкупни приходи наплатила Царината за три месеци
Следна Статија Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Зависни сме од еден ПЕТ-скен апарат и од еден добавувач на суровини, ако дојде време за сервисирање нема алтернатива

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во државава недостасува стратегија за развој на здравствената мрежа. – На…

February 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница…

December 18, 2024
ЗДРАВЈЕ

Министерството за здравство ги проверува тврдењата за наводни непотребни медицински интервенции

Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, Министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата за…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?