Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 500 милиони евра вкупни приходи наплатила Царината за три месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Над 500 милиони евра вкупни приходи наплатила Царината за три месеци
ЕКОНОМИЈА

Над 500 милиони евра вкупни приходи наплатила Царината за три месеци

Објавено October 14, 2024 17:46
Сподели
Сподели

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати.

Унапредена е соработката со бизнис заедницата и меѓуинституционалната соработка, но и меѓународната соработка, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски, на настан на кој пред бизнис заедницата и висок државен врв беа презентирани резултатите од 100 дена од работата на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Директорот Николовски истакна дека учеството на вкупно наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите од Буџетот на државата е 41%, а доколку се издвои учеството во даночните приходи – уделот на Царинската управа е 73%.

Николовски воедно го поздрави успехот од работата на царинските службеници на ниво на Царинарниците, при што бројот на записници за непријавена стока споредено со лани е зголемен за 80 проценти. Ги издвои записниците за стока со сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост кои се зголемени за 72 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се вкупно 1.213 мандатни казни што е за 186 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Во делот на заложбите за унапредување на партнерските односи со бизнис заедницата преку подобрување на работата на Царинската управа, Николовски потенцира дека во изминатиот период е спроведен Анкетен лист во кој учествуваа сите стопански комори, здруженија и асоцијации. Мислењата и предлозите ќе бидат основа за унапредување на царинската политика.

Притоа како главни идентификувани потреби на деловната заедница се понатамошна примена на поедноставените постапки и поедноставување на постапката за добивање на одобренија; понатамошна дигитализација и обуки за новините во царинското работење; соодветни приоритетни ленти на граничните премини и eдукација за подобрување на интегритетот и професионалноста на царинските службеници.

„Нашите идни планови опфаќаат усвојување на нова Стратегија за интегритет со конкретни мерки за менување на свеста и перцепцијата за царинските службеници, одговорност, професионалност и отчетност; надградување на системот за обуки за сите нивоа; интензивирање на активностите на започнатите проекти и нивно навремено завршување; успешен почеток и имплементација на новите планирани проекти – за целосна дигитализација на процесите и надградба на инфраструктурните капацитети; целосно усогласување со законодавството на ЕУ, пред се на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување; но и придонес за усогласување на сите други закони и акти по кои постапува Царинската управа како и градење на стабилна меѓународна соработка“, истакна Николовски.

Министерката, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека резултатите покажуваат колку успешно работела Царината во изминатиот период.

„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

На настанот помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов ги презентираше оперативните резултати во делот на борбата со криминалот. Помошник директорот посебно се осврна на новиот интегриран систем за видео надзор и системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Воедно помошникот директор за меѓународна соработка и ЕУ интеграции Слаѓана Дамјаноска ги презентираше проектите чија цел е подобрување и модернизација на инфраструктурните капацитети. Александар Проданов шеф на службата во ИКТ ги презентираше проектите коишто имаат за цел понатамошна дигитализација на постапките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коста раскажа како го зел оружјето од татко му: Шифрата лесно ја пробив
Следна Статија АХВ: Водата во Гостивар безбедна за пиење, присуството на манган е во границите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акциите на „СпејсИкс“ скокнаа за 11 отсто на историското деби на берзата, сега вреди 2 билиони долари

Компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск денеска забележа рекордно деби на берзата при нејзината првична јавна понуда (ИПО), откако вредноста…

June 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Состанок на ММФ и Светската банка од утре до 26 април во Вашингтон

ролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе започне утре во Вашингтон и ќе трае до 26…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?