Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. д-р Џикова: Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Проф. д-р Џикова: Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Џикова: Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Објавено May 15, 2026 14:07
Сподели
Сподели

Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година, истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026“.

Таа посочи дека ако се навратиме една деценија порано кога бројот на новороденчиња бил околу 23.000 може да се види дека имаме значително намалување од 30 отсто за овие десет години. Тоа, појасни таа, треба да биде аларм кој ќе не наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.

– Во услови кога природниот прираст во државава е во значително опаѓање од особено значење е едукацијата и превенцијата на жените во сите фази во нивниот живот од школските години кога треба да научат како да го чуваат своето здравје и особено во репродуктивниот период и период на бременост кога тие се најранливи. Редовните акушерски прегледи во текот на бременост се многу важни бидејќи современата медицина нуди нови методи за предикција и превенција на различни компликации кои можат да се создадат и тие не само да се спречат, туку и да се појават во поблага форма со цел да се заштити здрвјето на мајката и новороденчето. Здравјето на жената е темел на секое општество и секој дом и семејство, а новородечињата се и надеж за ново утре во нашата држава, додаде проф.д-р Џикова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ објасни зошто нема да оди на прославата на Денот на независноста на Црна Гора
Следна Статија Македонци обвинети во САД за измама со „Трамп Бакс“, жртви биле стотици Американци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Само пет минути вежбање ќе ви користат за здравјето

Дури и малите зголемувања на физичката активност можат да имаат мерливи ефекти врз долговечноста, според студија објавена во The Lancet.…

May 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје.…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега…

January 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

Во рок од само 45 дена и за рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?