Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
ЗДРАВЈЕ

Наредната недела почнува вакцинацијата против грип

Објавено October 14, 2024 17:59
Сподели
Сподели

Над 14 000 граѓани за три дена се пријавиле за вакцинација против сезонскиот грип. Имунизацијата според најавите на здравствените власти треба да почне наредната недела а сите пријавени ќе добиваат смс порака кога и каде треба да се јават за вакцинирање. Според бројките интересот е голем а на располагање има 70 000 вакцини кои се бесплатни за ризичните групи во кои влегуваат постари од 65 години, лица со хронични заболувања, трудници, здравствени работници. Оваа сезона вакцината е четиритипна и како што велат лекарите е најефикасно средство за превенција.

-Знаеме дека може да имаме сезони на грип кои можат да бидат прилично тешки за пребродување и може да имаме голем број на пациенти. Затоа вакцинацијата ќе даде солидна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализации и смртни случаи кои знаеме дека секоја година ги бележиме како резултат на заболување со грип и болести кои наликуваат на грип, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, сезона на грип почна. Од 30 септември до 6 октомври регистрирале 25 пријави на заболени од грип или болести слични на вирусот. 8 од нив биле постари лица над 65 години а 3 се деца. Најмногу пријавени има во Гостивар, тетово, Кавадарци и еден случај во Струмица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата
Следна Статија Мицкоски лобира за интересите на Македонија, оствари средба со пратеници на ЦДУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Со заеднички дијалог со Синдикатот го унапредуваме статусот на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа, во организација на Самостојниот Синдикат на вработените во универзитетските…

September 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје? За жал, ситуацијата е…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти или во објекти за другите министерства

Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?