Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно, ВМРО-ДПМНЕ четири пати подобра од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Анкета: Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно, ВМРО-ДПМНЕ четири пати подобра од СДСМ
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Мицкоски има поголем рејтинг од сите политичари заедно, ВМРО-ДПМНЕ четири пати подобра од СДСМ

Објавено July 12, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава. Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули. Во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, и оваа анкета покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство.

На прашањето „во која насока сметате дека се движат работите во Македонија“, 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна. Податоците покажуваат дека сѐ поголем број на испитаници сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

Меѓу лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните.

Од албанскиот политички блок со највисок процент на доверба и натаму е лидерот на ДУИ, Али Ахмети (6%). Венко Филипче како претседател на СДСМ е на третото место со доверба од 4,7%. Претседателите на партиите од коалицијата Вреди, Изет Меџити и Билал Касами имаат по близу 2 проценти, а Африм Гаши има 1%. Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Максим Димитриевски и Димитар Апасиев се изедначени со по 3%.

Од политичките партии, слично како и кај лидерите, предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред опозициските партии е убедлива. Дури 23,8% од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кај партиите на Албанците во Македонија опозициската ДУИ е во мала предност пред вкупниот резултат на владината коалиција Вреди.

Повеќе од половина од испитаниците кои споделиле за која партија ќе гласаат на наредните избори, го избираат ВМРО-ДПМНЕ. Тука, ако се споредат резултатите на определените гласачи со минатите истражувања, пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ имаат раст, а благ пад има кај Левица и ДУИ. Падот на Вреди е поврзан со напуштањето на коалицијата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Осудувам каков било напад, но ја повикувам Арсовска да не бега од МВР и од институциите
Следна Статија Денес е голем празник: Се слави споменот на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

И покрај долгот од над 10 милиони евра, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со нафта – вели Јахоски

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, денеска соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?