Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој
МАКЕДОНИЈА

Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој

Објавено July 30, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Храбрата и брза реакција на скопјанецот Зоран Настески кој на летот на авиокомпанијата Изиџет, од Лондон Лутон до Глазгов го совладал патникот кој се заканувал со бомба извикувајќи „Алаху Акбар“, деновиве е главна тема во медиумите. Настески за Плусинфо вели дека не размислувал за својот потег ниту за миг, туку едноставно, реагирал.

– Не можеш да знаеш кој блефира, не можеш да знаеш со сигурност дали некој има или нема бомба, само ми се вртеа низ глава грди слики. Кога го слушнав тој восклик кој ми оди на нерви, едноставно не размислував. Си реков, ако треба да нè дигнеш во воздух, прво јас ќе те средам тебе – вели Настески.

Тој му го избил телефонот од раката на заканунвачот, мислејќи дека уредот можеби е поврзан со експлозив, а потоа го држел на подот од авионот до крајот на летот.

– Подоцна излезе дека станува збор за некојси проблематичен тип од Индија кој и таму бил апсен и најверојатно сега ќе го депортираат назад во Индија – објасни Настески во телефонскиот разговор за Плусинфо.

Иако видеото од инцидентот го обиколи регионот и многумина го нарекоа херој, Настески тврди дека не направил ништо посебно. На роднините од Скопје и од Белград, како и на сестра му која со своето семејство живее во Германија и дента кога се случил настанот славела роденден на синот, им кажал само дека е добар и дека „нема ништо вредно за раскажување“.

За себе ни раскажа дека е роден во Скопје, во 1976 година, од мајка Србинка и татко Македонец.

– Секогаш сум се чувствувал и како Србин и како Македонец, но кога пцујам секогаш пцујам на јазикот на мајка ми – се смее Настески и додава:

– Оние кои се со една националност не можат да сфатат како некој може да се чувствува и вака и така, но јас гледам на тоа од смешната страна, па смешно ми е и тоа што после настанот некои Бугари велат и дека сум Бугарин.

По образование Настески е графички дизајнер, но во Англија работел како возач. Пред извесно време решил да се врати во родното Скопје, но љубовта го однела во Белград.

– Имам роднини и во Србија и во Македонија, но љубовта превагна, па наместо во родното Скопје, ќе живеам во Белград – вели Настески.

Тој сепак смета дека неговиот потег не бил херојски, туку обична инстинктивна реакција, но останатите патници на летот, јавноста и медиумите кои постојано му се јавуваат и се интересираат за него, имаат поинакво мислење – за нив тој останува херојот кој без размислување го совладал човекот кој заканувајќи се со бомба, предизвикал хаос во авионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Раст на туризмот, новите 11 авиолинии веќе го даваат својот ефект
Следна Статија Носи 3,4 тони вода: Со чешкиот „Блек Хок“ од 70 милиони долари се гаснат пожарите во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магла на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и на ГП Богородица

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија - Гевгелија и граничен…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Света архиерејска литургија во „Стоби“ на 31 мај во чест на Првиот вселенски собор

Годинава се навршуваат илјада и седумстотини години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип

Обилни врнежи од град вечерва по 19 часот го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип, на неколку километри пред влезот на…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?