Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Апсењето на поранешниот правобранител Фехми Стафа најматен настан месецов, според „Транспаренси“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Апсењето на поранешниот правобранител Фехми Стафа најматен настан месецов, според „Транспаренси“
МАКЕДОНИЈА

Апсењето на поранешниот правобранител Фехми Стафа најматен настан месецов, според „Транспаренси“

Објавено December 30, 2025 17:26
Сподели
Сподели

Декември помина во знак на сериозни корупциски сомнежи, институционални пропусти и системски слабости, покажува „Бистро-Матно“ барометарот на Транспаренси Интернешнл–Македонија.

Најматен настан месецов е апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој зел вкупно 50. 000 евра поткуп со ветување дека ќе го ослободи од притвор осомничениот за финансиски криминал Љупчо Пецов Ѓаволот кој е во бегство, а обвинет е во предметот „Синџир“, за што пишуваше „Слободен печат”.

Дополнително, реакции предизвикаа новите предлог-измени на Кривичниот законик.

– Измените ги намалуваат максималните казни во споредба со стариот Кривичен законик од пред 2023 година, што ги скратува роковите за застарување и го стеснува просторот за ефективно гонење сложени корупциски предмети, особено оние што се откриваат по подолг временски период, а не го штитат ниту буџетот од злоупотреби – велат од Платформата на граѓански организации и од Блупринт групата.

Предлог-измените на Кривичниот законик, се еднакво лоши, ако не и полоши од претходните, создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период и од амнестија во иднина, реагира правната фела, откако по многу месеци чекање и мислење, деветмина пратеници од владејачката партија, која остро ги критикуваше скандалозните измени од 2023 година, до Собранието достави свои предлози.

Сомнежи за нетранспарентност и конфликт на интереси беа нотирани и во процесот на избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, при што невладините организации укажаа на различни аршини и слаба методологија.

Државниот завод за ревизија откри сериозни неправилности во Фондот за иновации и технолошки развој, вклучувајќи судири на интереси и неподмирени обврски од речиси 13,9 милиони евра. Истовремено, ревизорските извештаи открија алармантни нерегуларности и во Државна лотарија, со стотици илјади евра дневен кеш-промет без соодветна евиденција.

Сериозни пропусти се утврдени и во Министерството за економија и труд, каде поради застареност се изгубени над 2 милиони евра буџетски приходи, како и во функционирањето на институцијата Народен правобранител, која се соочува со институционален колапс поради неизбор на нов носител на функцијата.

Меѓу „матните“ настани се и злоупотребите со боледувања во јавниот сектор (со исплатени над 90 милиони евра), неподносењето имотни листови од десетици градоначалници, како и високата концентрација на јавни набавки во здравството кај мал број фирми, што укажува на ограничена конкуренција и зголемен корупциски ризик.

Како позитивни примери се издвојуваат дигиталната трансформација на Управниот суд, кој воспостави електронска поврзаност со институциите, како и поднесените обвиненија од ОЈО Скопје против поранешни раководни лица во „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина.

Дополнително, полицијата ефикасно постапи во случаи на давање поткуп на граничниот премин Ќафасан, при што беа приведени странски државјани кои се обиделе да подмитат полициски службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
Следна Статија Антикорупциска во 2026 година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Авионска дезинсекција утре на подрачјето на Скопје

Утре наутро ќе се спроведе авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје за уништување на ларвите од комарци. Доколку временските…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски запали свеќи на гробовите на загинатите во Кочани, за родителите неговиот потег е човечки и достоинствен

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Од 34 општини со седиште во град, ГУП-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило

Масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигнување и одржување на зеленилото,…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?