Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта
БАЛКАН

АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта

Објавено June 26, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Тројца мажи се уапсени во Србија под сомнение дека подготвувале насилна промена на државната власт, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, тие се состанале на 21 јуни во хотел во Кралево, каде, наводно, договарале насилни акции против државни институции и медиуми.

Уапсените, идентификувани со иницијали И. М., Н. А. и Б. М., се сомничат дека планирале вооружен напад врз припадници на полицијата со цел нивно разоружување, како и насилен упад во зградата на Владата на Србија, РТС, телевизиите Хепи и Информер.

И. М. бил фатен во близина на Пожега, во возило „Шкода“, во кое бил пронајден пиштол со избришен сериски број и полн магацин со седум куршуми, како и дополнителна кутија со уште 25 куршуми. Тој ќе се соочи и со обвинение за недозволено носење оружје и експлозивни средства.

Н. А. и Б. М. се уапсени во Крагуевац, а сите тројца во рок од 48 часа ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата трага по уште неколку лица поврзани со случајот.

Според порталот Нова.рс, меѓу уапсените е и потпретседателот на партијата Ново лице Србије (НЛС) и лидер на групата граѓани „Староседелци на Кралево“ – Иван Матовиќ. Неговиот адвокат го потврдил апсењето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова за кусата средба со Трамп: Кажав дека ги споделувам вредностите на мојот народ и дека ќе ги соопштам нашите ставови
Следна Статија Му се скина шорцот, не можеше да го скрие пенисот, сепак победи на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Србија се одбележува Видовден – Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести

Во Србија денеска се слави Видовден, а во текот на денот се најавени неколку настани – протест на студентите во…

June 28, 2025
БАЛКАН

200 Албанци биле депортирани од Британија за осум милиони фунти со цел да се модернизираат затворите во Албанија

Албански нарко-бос ја откри причината зошто верува дека британската полиција никогаш нема да успее да ги победи бандите што шверцуваат…

May 26, 2025
БАЛКАН

Зошто на Србија не и е потребен нов Заев?

Иако пред да дојде на власт се колнеше со рака на срце дека нема да го смени уставното име на…

February 21, 2025
БАЛКАН

Крвава забава во Хрватска: Рачна бомба му експлодирала на момче во рака, едно лице загина

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?