Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова за кусата средба со Трамп: Кажав дека ги споделувам вредностите на мојот народ и дека ќе ги соопштам нашите ставови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова за кусата средба со Трамп: Кажав дека ги споделувам вредностите на мојот народ и дека ќе ги соопштам нашите ставови
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за кусата средба со Трамп: Кажав дека ги споделувам вредностите на мојот народ и дека ќе ги соопштам нашите ставови

Објавено June 26, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Самитот на НАТО во Хаг ќе остане запаметен по единството, решеноста заедно да тргнеме кон мирен период, бидејќи сите денеска истакнуваа дека како да сведочиме на чин на постигнување на примирје и отворање процес на преговори – оцени претседателката Гордана Силјновска-Давкова по завршувањето на Самитот.

Истакнав, дека иако сме мала држава се однесуваме како кредибилен партнер на НАТО.

-За разлика од многу други ние издвојуваме 2 проценти од БДП, а донесена е и одлуката за зголемување на процентот. Потенцирав дека тоа може да биде само градуелно и дека остануваме посветени на обврската, но мора да се внимава на финансиската моќ на државата – рече Силјановска-Давкова на прес-конференција во Хаг – јави известувачот на МИА.

Нагласила, како што рече, дека како земја повеќе би сакале да издвојуваме за наука и за образование, но заради консензусот и решеноста, додаде, кога сте во друштво со кое делите исти принципи и вредности мора да ги почитувате заедничките одлуки.

-На Самитот потенцирав дека верувам во збогум оружје и во насушната потреба од траен мир и во мојот говор посочив дека на 26 јуни се одбележуваат 80 години од ОН, на овој датум е и изјавата на Џон Кенеди дадена во Берлин дека се чувствува како берлинец, но предупредив и дека на 26 јуни почна војната во поранешна Југославија во 90-тите години и дека тоа е едно предупредување за важноста на Западен Балкан како интегриран во ЕУ. Повикав на деблокирање на пристапниот процес и предупредив дека не се работи само за начелото на проширување и на политиката на проширување како важна со која ќе се круниса фактот дека низ историјата сме биле не само географски, историски и културно дел од Европа, туку дека е во прашање безбедноста на регионот, а со тоа и безбедноста на ЕУ и на Европа – посочи Силјановска-Давкова и додаде дека мисли оти пораките биле примени.

Рече дека денеска во Хаг остварила средби со колегите од Естонија, Финска и Чешка и оти е потврдено дека словачкиот претседател набрзо ќе престојува во официјална посета во Скопје. Имала и разговори со други државници, а и кратка средба со претседателот на САД Доналд Трамп.

-Разговорите што ги водевме беа плодни, пријателски и со разбирање. Разговаравме за деблокирањето на нашите преговори со ЕУ. После тоа што се случи мислам дека не треба да се однесуваме триумфалистички и дека треба да ги мериме зборовите и да се охрабруваме меѓусебе. Имав ипротоколарна средба со премиерот на Бугарија за кого мислам дека е прав џентлмен, многу пристоен политичар, спремен за разговори и за дијалот. Токму тоа е она што нам ни треба – потенцира Силјновска-Давкова.

Мојата основна порака, посочи, е дека можеби наместо да бараме и да очекуваме посредништво, треба сами да седнеме и да видиме каде сме, каде одиме.

-Прашањата за модерен јазик, модерна нација е крајно проблематично и тоа не само научно, туку и политички. Сите нации настанале во втората половина на 18. и во 19. век, вклучувајќи ја и нашата нација. Малку е невообичаено сега да барате да се избрише тоа што е внесено во Извештајот за напредокот на земјава од Томас Вајц ако се инсистирале на реактуелизирање на нешто што е ад акта – на разговори за нација, јазик, историја. Тоа се прашања кои како вредности и принципи воопшто не треба да бидат на агендата, но ако некој инсистира на нивно ставање на агендата, а тоа се случи, тогаш сигурно дека и оној кој известува ќе се обиде да каже дека не се работи за специфична нација, јазик и историја, туку за нешто што важи за сите европски нации бидејќи ЕУ е сојуз на држави нации. Сите имаат ист статус што значи и ние би требало да го уживаме истиот статус – порача македонската претседателка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма
Следна Статија АПСЕЊЕ ВО СРБИЈА – Планирале насилно уривање на власта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Здружение на судии: Се оградуваме од секој корумпиран судија

Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРСМ) соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судија од Апелациониот…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра

Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!

Бугарските медиуми известуваат денес на гласањето во Европскиот парламент унгарски европарламентарец го оспорил новоподнесениот амандман од ЕПП за „модерен“ (или…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?