Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат
ХРОНИКА

Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат

Објавено April 28, 2025 11:31
Сподели
Сподели

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин.

-Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени – татко и син обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје – пиштол и започнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот се здобил со тешки телесни поврeди, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, бидејќи сè уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи
Следна Статија Москва порача: Подготвени сме за директни преговори, чекаме Киев да се јави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни…

July 31, 2025
ХРОНИКА

Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев

Обвинетиот Влатко Кешишев за случајот со убиствата на Вања и Панче денеска одговараше на прашања на јавниот обвинител кои се…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Еве на каква финта од МВР „падна“ млада измамничка од Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово, во координација со СВР Скопје и Единицата за економски криминал при МВР, на 7 јануари…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?