Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска
СВЕТ

Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска

Објавено July 17, 2026 08:48
Сподели
Сподели

Знате ли зошто трае „војната“ меѓу Аргентина и Англија за Фокландските острови? Фолкландските Острови се под британска управа како прекуморска територија, но Аргентина тврди дека има суверенитет над островите, кои ги нарекува Малвински Острови.

Во резолуцијата на Обединетите нации од 1976 година се наведува дека ниту Аргентина ниту Велика Британија не треба да преземаат еднострани дејства во врска со територијата додека траат преговорите за суверенитет.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да поведе истрага против репрезентацијата на Аргентина, побара денеска британската Влада, ден откако аргентинските фудбалери истакнаа транспарент со политичка порака за Фолкландските Острови, по победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство.

Аргентина синоќа ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а за време на прославата по натпреварот, Лисандро Мартинез и Џовани Ло Солсо позираа со транспарент што го зедоа од навивачите на кој пишуваше „Las Malvinas son Argentinas“ („Малвините, т.е. Фолкландските Острови се аргентински“).

Според правилата на ФИФА, политички пораки не се дозволени на теренот, што може да доведе до дисциплинска постапка против репрезентацијата на Аргентина.

Британскиот министер за економија, Питер Кајл, оцени дека однесувањето на аргентинските фудбалери било „целосно несоодветно“.

„Политиката мора да се одвои од фудбалот. Тоа е еден од основните принципи на Светското првенство. Сега е на ФИФА да спроведе темелна истрага“, изјави Кајл за Би-Би-Си.

Спортското ривалство меѓу Англија и Аргентина е дополнително заострено од долгогодишниот спор околу суверенитетот над Фолкландските Острови, британска прекуокеанска територија во Јужниот Атлантик со население од околу 3.500 жители.

 

Аргентина тврди дека островите ѝ биле нелегално одземени во 1833 година, додека Велика Британија наведува дека нејзиното право на територијата датира од 1765 година.

Спорот кулминираше во 1982 година кога Аргентина изврши инвазија, предизвикувајќи 70-дневна војна во која загинаа 649 аргентински и 255 британски војници, како и тројца локални жители.

Аргентина ги нападнала Фолкландските Острови како и други британски територии во Јужниот Атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови). Армијата на воената хунта која од 1976 година владеела во земјата лесно излегла на крај со малубројниот британски гарнизон. Во тој момент на островите имало околу 1.800 луѓе, претежно англиски фармери.

Подоцна Британците го возвратиле ударот, а војната завршила на 14 јуни со британска победа. Загинале 655 аргентински и 255 британски војници.

Островите се во британска сопственост од 1833 година, но уште оттогаш Аргентина ги смета за свои и ги нарекува Малвински Острови.

Архипелагот се наоѓа на околу 500 километри од аргентинскиот брег и се верува дека бил ненаселен пред да го откријат Европејците. По откривањето менувал сопственост од Франција, Шпанија, Британија и Аргентина. Денес живеат 3.662 жители од кои 40% родени таму и останатите британски доселеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се претера: Светскиот шампион ќе добие прстени (ФОТО)
Следна Статија Освежете се со сок од вишни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Европската комисија реагираше на изјавите на Трамп: Украина е демократија, Русија не е

Европската комисија денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е неизбран диктатор. „Претседателот…

February 20, 2025
СВЕТ

Бил Гејтс призна дека озогласениот Епстин го уценувал поради вонбрачна врска со Русинка

Американскиот конгресен комитет вчера го објави официјалниот транскрипт од сослушувањето на милијардерот Бил Гејтс, кој призна дека постои реална можност…

June 24, 2026
СВЕТ

Будги 10.10 издаден: Официјална миграција од X11 на Вејленд

Десктоп околината Будги 10.10 е официјално објавена, означувајќи премин на проектот со отворен код од X11 кон Вејленд.

January 12, 2026
СВЕТ

Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде титулите на принцот Ендру и нареди иселување од палатата

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?