Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се претера: Светскиот шампион ќе добие прстени (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Се претера: Светскиот шампион ќе добие прстени (ФОТО)
СПОРТ

Се претера: Светскиот шампион ќе добие прстени (ФОТО)

Објавено July 17, 2026 12:23
Сподели
Сподели

ФИФА потврди дека победникот на финалето меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра на стадионот во Њујорк – Њу Џерси во недела, ќе стане првиот тим во историјата на Светското првенство што ќе добие шампионски прстени, следејќи ја традицијата на американските професионални лиги како НБА, НФЛ и МЛБ. Со ова продолжува американскиот модел во фудбалот, што, за жал, нема да донесе ништо добро за најпопуларниот спорт во светот. Имено, станува збор за ексклузивни прстени што ќе бидат изработени во ограничена серија од вкупно 2.026 примероци, како симбол на Светското првенство во 2026 година.

Од таа бројка, 30 прстени ќе бидат наменети за членовите на шампионскиот тим, додека преостанатите 1.996 ќе им бидат понудени на навивачите ширум светот како официјални лиценцирани производи на ФИФА. На едната страна од прстенот ќе биде прикажан трофејот на Светското првенство, додека другата страна ќе биде специјално дизајнирана во согласност со идентитетот на репрезентацијата што ќе ја освои светската шампионска титула.

Секој примерок ќе биде уникатно нумериран, изработен по нарачка за сопственикот и испорачан со сертификат за автентичност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонецот Костовски му бил партнер на Аркан и во кражби и во бегство од затвор
Следна Статија Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Работнички со катастрофален настап во дербито – без шут на гол и подарени голови за Вардар

Работнички денес одигра еден од најслабите натпревари во својата понова историја, завршувајќи го скопското дерби без ниту еден шут на…

March 5, 2025
СПОРТ

Милевски: Квалитетот е на страната на Белгија, но оптимист сум дека овој јуни ќе биде поинаков

На прес-конференцијата пред мечот во Скопје против Белгија се обрати пред новинарите и селекторот Благоја Милевски. Предводникот на нашата репрезентација…

June 5, 2025
СПОРТ

Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

На Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија воопшто нема да има продажба на алкохол, потврди амбасадорот…

February 12, 2025
СПОРТ

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат

Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?