Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип
МАКЕДОНИЈА

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

Објавено August 18, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33. роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на Татковината ќе бидат одбележани со пригодна програма и присуство на високи државни и воени претставници.

 

Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На централната свеченост ќе бидат построени и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери.

За време на централната свеченост, претседателката Сиљановска-Давкова, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе го одликува со „Орден за воени заслуги“ Центарот за обука на питомци и офицери, кој е дел од Командата за обука и доктрини.

На свеченоста се очекува да присуствуваат претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, воено-дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.

По повод 18. Август Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.

Одбележување на 18 август – Денот на македонската Армија почна во петокот (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.

На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.

По повод Денот на Армијата синоќа во скопската касарна „Илинден“ беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Република  Македонија во март 2020 година стана 30 полноправна членка на НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки
Следна Статија Македонските одбојкари се пласираа на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција

 Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и шефот на кабинетот Екрем Халимовски, вчера и денеска во Истанбул учествуваат на Меѓународен…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оставам на Обвинителството дали по допрен глас ќе преземе мерки за следењето од безбедносните агенции

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки во врска со информациите кои ги изнесе…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нема потреба од промена на химната, симболите треба да обединуваат, а не да разединуваат, порача Сиљановска Давкова

Нема потреба од промена на химната одговори денеска претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова која појасни дека треба да се биде…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?