Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Армијата доби оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Армијата доби оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
МАКЕДОНИЈА

Армијата доби оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

Објавено March 25, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од САД како дел од договорот за опремување на македонската Армија со лесни оклопни возила.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им заблагодари на Соединетите Американски Држави за помошта во процесот на модернизација на македонската Армија, а на премиерот за одвоениот, како што рече, историски буџет за Министерството. Посочи дека ова е еден од најголемите проекти на Министерството за одбрана.

„Наредниот период ќе стигнат дополнителните возила. Сега стигнаа 17 ‘страјкери’, а останатите од вкупно 42 би требало да пристигнат до средината на летото. Она што го бара НАТО од нас е да вложуваме над 20 проценти во модернизација, а ние го правиме тоа уште повеќе – над 32 отсто од нашиот буџет се директно за модернизација. Следат уште многу проекти, бидејќи изминатиот период со пријателите од САД направивме повеќе договори Влада со Влада, а најголем дел поминаа во Собранието“,рече Мисајловски на денешниот настан во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Со набавката на „страјкерите“, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе се зајакнат капацитетите и ќе се подобри оперативноста на АРМ што, како што рече, ќе ја направи поконкурентна во однос на други армии.

„Ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во Армијата, цениме дека тоа е многу значајно. Сакаме да имаме целосно нова современа опрема, се разбира во рамки на можностите на буџетот и сите оние критериуми што се бараат до 2032 година да бидат од наша страна исполнети. Тоа што сега претставува минимум, ние сме многу над тој минимум и сме во тие земји кои инвестираат повеќе од тој минимум што беше до сега 2 отсто од БДП за разлика од некои други земји кои сè уште не го постигнале тој минимум“,изјави Мицкоски.

На настанот се обрати и в.д. амбасадорката на САД, Никол Бернс, која порача дека со пристигнувањето на пешадиските транспортери „страјкер“, чија целосна испорака од 42 возила ќе се заокружи во текот на летото, земјава прави видлив чекор кон модернизација на својата армија и зајакнување на своето место во НАТО.

„Овие ‘страјкери’ се повеќе од нови возила во вашиот инвентар. Тие се конкретен знак за нашето партнерство и јасен израз за нашата заедничка посветеност да ги браниме нашите земји, нашата Алијанса и вредностите за кои се залагаме. Кофинансирана од С Македонија и САД преку финансирање на странски војски, оваа програма покажува што можеме да постигнеме кога финансираме заедно во нашата колективна одбрана“,рече в.д амбасадорката на САД, додавајќи дека денешниот ден е исклучително важен за Македонија, за НАТО и за заедничката безбедност.

Бернс додаде дека преку програмата на САД за продажби на странски војски, земјава добива не само напредни и интероперативни системи, туку и обука за нивно користење и одржување што во моментов се одржува во Петровец и Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пијан возач фатен со 3,67 промили алкохол во крвта
Следна Статија Кумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Во рок завршува рехабилитацијата на патот Охрид – Св. Наум

Јавното претпријатие за државни патишта информира за завршува во рок рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Заев ужива на јахта во Паљури, Вие скенирајте фискални

Читатели на Нетпрес, кои престојуваат во туристички во местото Миражио Паљури на Халкидики во соседна Грција, до редакцијата на порталот испратија фотографии…

June 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?