Вечерва на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта се игра финалето на фудбалската Лигата на шампионите меѓу Арсенал и ПСЖ каде што англискиот шампион ќе брка прва европска круна, а Пари Сен Жермен ќе се обиде да ја потврди новата моќ по минатогодишниот историски триумф.
Финалето почнува во 18 часот по средноевропско време. Ако Арсенал победи, Европа ќе добие нов шампион. Ако ПСЖ одбрани титула, Париз ќе покаже дека минатогодишниот триумф не бил врв, туку почеток на нова ера.
Арсенал на Микел Артета стигна до финалето непоразен, со осум победи во лигашката фаза и со елиминации против Баер Леверкузен, Спортинг и Атлетико Мадрид. Лондонскиот клуб последен пат играше финале во 2006 година, но сега влегува со поинаков идентитет, стабилна одбрана, агресивен пресинг и тим што веќе ја носи тежината на големите натпревари.
ПСЖ, пак, доаѓа како актуелен европски шампион и како екипа која конечно ја скрши сопствената европска бариера. По потешка лигашка фаза, тимот на Луис Енрике експлодираше во нокаут-рундите, со убедливи победи против Челси и Ливерпул, а потоа и драматичен полуфинален двомеч со Баерн.
