Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ХАОС НА ГРЧКА ГРАНИЦА: Автомобилите чекале два часа, автобусите повеќе од пет часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ХАОС НА ГРЧКА ГРАНИЦА: Автомобилите чекале два часа, автобусите повеќе од пет часа
МАКЕДОНИЈА

ХАОС НА ГРЧКА ГРАНИЦА: Автомобилите чекале два часа, автобусите повеќе од пет часа

Објавено May 30, 2026 15:37
Сподели
Сподели

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција. Ваква беше ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица.

Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и исцрпеност кај возачите и патниците кои се обидуваат да ја преминат границата кон Грција“.

– Сликата јасно ја прикажува состојбата. Бесконечни колони возила, возачи кои излегуваат од автомобилите, барајќи сенка и свежина, семејства со мали деца кои трпеливо чекаат под жешкото сонце и десетици автобуси, што со часови стојат неподвижни. И покрај интензивните непријатности, климата засега останува мирна и не се забележани посериозни тензии. Сепак, огорченоста е видлива. Многу патници го изразуваат своето разочарување од сликата што ја затекнуваат на влезот во земјата, а некои дури карактеристично велат дека „нема повторно да дојдат во Грција“, сметајќи дека е неприфатливо нивниот одмор да започне со повеќечасовно чекање на граница, пишува солунскиот информативен портал „Тес“.

Поради големото доцнење, долгото чекање и големиот број автобуси, како што пишува радиото Солун на нивниот сајт, била дадена наредба да се спроведе стариот систем за проверка за патниците од туристичките автобуси, со цел да се нормализира ситуацијата.

Солунскиот портал „Вориа“ коментира дека „доцнењата директно се поврзани со имплементацијата на новиот систем за влез и излез на ЕУ (ЕЕС) што предвидува електронска и биометриска регистрација на државјани на трети земји“.

Во четвртокот, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен областите Македонија и Тракија Константинос Гулекас одржа состанок за ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот на кој биле разгледани мерки за олеснување на протокот на патници и возила.

Акцент бил ставен на можноста за дополнително зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и евентуална изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис исто така во четвртокот, од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од  Македонија и Србија“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсенал или ПСЖ, кој ќе биде новиот фудбалски владетел?
Следна Статија МВР го уапси мажот кој ја нападна својата сопруга во скопски Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чадот од депонијата Дрисла, го угуши Скопје

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1,…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?