Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска повторно се вклучи во живо од терен во Чаир, каде ги „лови“ нелегалните градби на, како што вели таа, „принцезата на дивоградбите“, градоначалникот Висар Ганиу.
„Од Град Скопје ти е вратено дека оваа дивоградба си ја правел изминатата година, а не во 2011. 150 вакви објекти сме ти откриле и сме ти вратиле. Ниту една дивоградба нема да ти помине, а тие што си успеал со фалсификат да ги внесеш, сега една по една ќе ги вадиме. Дојди тука ако си маж и закани се во лице. Не се заканувал оддалеку. Дојди си“, вели градоначалничката.
Како што вели Арсовска, зградата е изградена на државно земјиште за кое Ганиу направил фалсификат и си легализирал и си впишувал во Катастар.
„Висаре, криминалецу, никој не го прави ова ти што го правиш, затоа се закануваш. Едни документи доставуваш до Град Скопје, друг документ до Катастар, фалсификуваш документи, затоа се закануваш. Затоа ти ги палат колите, затоа што Град Скопје те спречи да легализираш дивоградби“, реше Арсовска.
Таа додаде дека излегува во јавност и јавно ќе ги објавува сите дивоградби токму поради нејзина заштита бидејќи таа тврди дека добивала закани од градоначалникот на Општина Чаир по неа и по нејзиното семејство, а повеќе може да погледнете во видеото подолу.