Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Да ги обновиме вредностите на Свети Климент – смирение, знаење и заедништво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Да ги обновиме вредностите на Свети Климент – смирение, знаење и заедништво
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Да ги обновиме вредностите на Свети Климент – смирение, знаење и заедништво

Објавено December 8, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски.

„Денес, на 8 Декември, го чествуваме Свети Климент Охридски – нашиот најголем просветител и најверен ученик на светите браќа Кирил и Методиј“, порача претседателката.

Таа истакна дека споменот за охридскиот светител е длабоко врежан не само во македонската, туку и во заедничката меморија на целиот словенски свет.

Како што неговиот лик ги украсува храмовите, така името на Свети Климент го носат бројни образовни, научни и културни институции во државата. Но, највредното наследство што го оставил – нагласи Сиљановска-Давкова – е писменоста и моралните вредности, кои им овозможиле на луѓето подобро да ги разберат книгите, самите себе, но и својата улога во заедницата.

„Под негово водство, нашите краишта од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина“, стои во честитката.

Охридската книжевна школа и богатото духовно и уметничко наследство, според неа, оставиле печат врз европската цивилизација, траејќи подолго од империи и идеологии.

Празникот, како што подвлече претседателката, е и повод за преиспитување:
Колку од светиклиментовите вредности – милост, смирение, помош и разбирање – ги живееме денес?

„Пред нас стои голем предизвик: повторно да ги научиме доблестите што ја одржуваат заедницата. Како и во времето на Климент, и нам ни е потребна заедничка, повисока цел што ќе нè обедини“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа повика на градење односи засновани врз владеење на правото, борба против корупцијата, социјална правда и заемна грижа – како предуслови за обновување на општествениот договор.

„Нека пораката на Свети Климент – за смирение, милост, знаење и заедништво – ни биде водилка да ја изградиме Македонија како пристојно, праведно и достоинствено место за живеење.
Честит празник!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак доколку ги исполнуваат строгите критериуми
Следна Статија Сообраќајот на Богородица попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за блокадите на граѓаните без возачки дозволи: Побарав од министерството за внатрешни работи жестоко да одговори

Премиерот Христијан Мицкоски, коментираше за протестите од дел од граѓаните поради системот „Сејф Сити“, односно одземање на возила на оние…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува Света Петка: Луѓето веруваат во нејзините чуда, се смета за заштитничка на жените, болните, сиромашните

Света Петка е една од најпочитуваните светици не само меѓу православните христијани, туку и меѓу припадниците на сите други вери.…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се борат за да има правда во судскиот систем. – Господинот Љупчо Коцевски…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности

 Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Брисел порача дека секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?