Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Trips > Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
Trips

Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители

Објавено September 1, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Археолошкиот локалитет Стоби годинава го посетиле над 13.100 посетители, од нив најбројни се странските туристи од САД, Австралија, Полска, Австрија, Швајцарија, како и од земјите од регионот – Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Хрватска, Словенија.

Од НУ „Стоби“ за МИА информираат дека археолошкиот локалитет го посетуваат и домашни гости, но, како што велат, тие се во помал број. Најбројни посетители од земјава, посочуваат оттаму, се ученици кои доаѓаат организирано на екскурзии, како и студенти и останати посетители од невладини организации и здруженија.

Минатата година Стоби го посетиле околу 20.000 посетители. Со оглед на тоа што е почеток на септември, кога исто така има екскурзии и бројни посети од странски и домашни туристи, од НУ „Стоби“ очекуваат оваа бројка да ја надмине ланската посетеност.

Во 2023 година, пак, во археолошкиот локалитет Стоби имало 20.556 посетители, додека најголем број забележан е во 2018 година, кога имало рекордни 22.000 посети.

Како што појаснуваат за МИА туристичките водичи на Стоби, најинтересни за посетителите се Театарот, Теодисијанската палата, градбата со арки или библиотеката, синагогата, понатаму, велат, интересни се јавните бањи, неколкуте цркви, меѓу кои и големата Епископска базилика со крстилницата и многуте улици, а привлечни се, исто така, и подните мозаици со пауни, срни и други библиски мотиви.

Посетата на археолошкиот локалитет е бесплатна првиот викенд во месецот, како и за време на државни празници. Од НУ „Стоби“ ги повикуваат сите заинтересирани да дојдат и да ја запознаат богатата историја на Стоби, на чии остатоци од градби се воодушевуваат и археолозите и посетителите од целиот свет, особено државјаните на САД, кои се најчести странски посетители на Стоби.

За разлика од лани годинава посетителите можат да си купат интересни сувенири од сувенирницата сместена на влезот во Стоби во објект на билетарата. Таа годинава е полна и има голем избор на рачно изработени сувенири, направени по копии од предмети најдени на локалитетот.

Воедно на влезот годинава повторно има и мала кафетерија во која има освежителни напивки, сокови, вода и кафе. На одамна поставените клупи со масички на отворено посетителите имаат можност да седнат да се одморат, освежат и разменат впечатоци од посетата на Стоби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Смоквите се природен извор на вредни хранливи материи кои прават чуда за нашето тело
Следна Статија Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Руте од касарната „Илинден“ : Останете безбедни и чувајте нè безбедни

Последниве денови гледаме колку е важно сите 32 сојузнички држави, вклучително и Македонија да се здружат, да работат заедно и…

March 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Македонија заради размена на искуства и…

September 18, 2025
БАЛКАН

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул. Ватикан…

November 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?