Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија

Објавено March 3, 2026 10:10
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.

Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.

Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) na Armijata и на дел од опремата на оваа единица.

На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.

Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Green Party takes Gorton and Denton from Labour in first ever Westminster by-election win – BBC
Следна Статија BLACKPINK’s ‘DEADLINE’: Every Track Ranked From ‘GO’ to ‘JUMP’ – Billboard

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Нека 3 Декември биде симбол на надеж и повик за создавање инклузивна заедница, каде секој глас ќе биде слушнат!

Меѓународниот ден на лицата со попреченост нè потсетува на нашата обврска да изградиме општество на еднакви можности, каде поддршката и…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Унгарија, Србија, Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга, најави Весиќ

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?