Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите

Објавено July 6, 2025 20:58
Сподели
Сподели

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам на општествено одговорните компании коишто еве помогнаа да ова денес што успеавте да го видите, но и она што понатаму ќе го гледаме биде реалност, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени.

Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата.

Благодарност до сите коишто учествува во оваа активност почнувајќи од потпретседателот на Владата Димовски, министрите Мисајловски, Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на Неготино Горан Стојанов, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Ангелов, на сите, буквално на сите коишто земаа учество во оваа процедура, во оваа пренамена на овие полициски и армиски возила коишто ќе повторам беа повеќе од осум години запуштени, незапалена.

На овој начин можам да кажам дека државата заштедува неколку десетици милиони евра.

Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени.

Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август.

По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година.

Исто така во функција и забраната без дозвола за движење во шумски предели и на планините.

Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од кога било во минатото да се справиме доколку има такви предизвици, се разбира.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата
Следна Статија Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ до Мицкоски: Македонија заслужува членство во ЕУ, имате силна поддршка од Хрватска

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска обвини дека врз вработените во скопските центри за социјална работа бил извршен…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?