Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“
МАКЕДОНИЈА

На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“

Објавено February 13, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ го отвориле прашање за промена на државниот грб, а според Касами тие како партија се подготвени да разговараат за пакет уставни измени, кои освен грбот ќе вклучат и промена на химната, како и формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

Според тетовскиот градоначалник, со овие уставни промени би се рефлектирала сегашната реалност на државата.

„Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе се рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме за предлог-пакет каде што секако ќе се разгледува амблемот (државниот грб), прашањето за химната, но и прашањето за други уставни измени поврзани со унапредувањето на правата на Албанците или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“, изјави Касами.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Другарчето на Заев го напаѓа Мицкоски
Следна Статија Поставува услови: Зеленски уште не е свесен дека војната е пред крај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена

По трагичната несреќа во која животите ги загубија 62 млади лица, граѓанската иницијатива објавена на Facebook-страницата „Кочани“ повикува на обединување,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Угостителите и понатаму ќе плаќаат по 5 денари од квадрат за летните тераси

Иако веќе четири години се укинати мерките за заштита од ковид-19, угостителите во Скопје сè уште уживаат повластена цена од…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?