Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поставува услови: Зеленски уште не е свесен дека војната е пред крај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Поставува услови: Зеленски уште не е свесен дека војната е пред крај
СВЕТ

Поставува услови: Зеленски уште не е свесен дека војната е пред крај

Објавено February 13, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција.

Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

„Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва“, додаде Зеленски.

– Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.

– Сега е важно сè да не оди според планот на Путин, според кој тој сака да стори сé што е можно за да ги претвори преговорите во билатерални (со САД ), рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, важно е САД и Украина да подготват план за ставање крај на војната пред да разговараат со Русија.

Зеленски инсистира на средба со Трамп пред американскиот претседател да се сретне со Путин. Ова доаѓа и покрај тоа што Трамп вчера изјави дека очекува да се сретне со рускиот лидер во иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Украина најави дека работи на организирање средба меѓу Зеленски и Трамп, но засега ништо конкретно не може да се соопшти.

Зеленски додаде дека во телефонскиот разговор со Трамп не разговарал за прашањето за членство во НАТО, иако рекол дека знае дека САД се против оваа идеја.

Украинскиот претседател, исто така, се обиде да го минимизира значењето на повикот на Трамп до Путин вчера пред средбата со него, велејќи дека се чини дека тоа не е знак за вистинските приоритети на Вашингтон, но додаде дека сепак е „непријатен“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Касами не му е певлива „Денес над Македонија се раѓа“
Следна Статија Апелација му ја намали казната и прифати ново судење за возачот кој кај „Млечен“ го усмрти Иван Билински

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Две лица загинаа од торнада во Тексас и Мисисипи

Најмалку две лица загинаа, а две се повредени во невремето на југот на САД, соопштија властите. Во Тексас најмалку едно…

December 29, 2024
СВЕТ

Лавров привлече медиумско внимание за време на доаѓањето на Алјаска, многумина забележаа необичен детаљ на неговиот џемпер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Алјаска како дел од самитот меѓу Русија и САД, а многумина…

August 15, 2025
СВЕТ

Загина спасувач додека ги бараше телата на петмината Италијанци на Малдиви

Спасувачки нуркач почина на Малдивите додека ги бараше телата на петмина италијански државјани починати во несреќа со нуркање, која се…

May 16, 2026
СВЕТ

Македонците од Мелбурн не учестуваат на локален фестивал поради сонцето од Кутлеш

Заедницата на македонски уметнички организации на државата Вукторија го бојкотирале еден од најпознатите фестували наречен  MOOMBA парада во Мелбурн Причината…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?