Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп
СВЕТ

Студен арктички бран во Вашингтон на денот на инаугурацијата на Трамп

Објавено January 18, 2025 21:40
Сподели
Сподели

Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови, што заедно со ветрот ќе се чувствува како уште постудено време. Поради лошите временски услови и поларниот суд, инаугурацијата на Трамп наместо на отворено пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор.

Најстуденото време во оваа зимска сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител што ќе предизвика значително опаѓање на температурите низ САД.

Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.

Меторолози од AccuWeather, пак, прогнозираат дека дури и делови од западниот брег на Гренланд во наредните денови ќе бидат потопли од Тексас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики
Следна Статија Видео: Публиката ја исвирка тенисерката во Мелбурн, нејзината реакција стана вирална

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social визуелна содржина во форма на мапа на која Венецуела…

May 13, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Израел го нападна Хамас и во Катар, и Трамп наводно дал дозвола

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски…

September 9, 2025
СВЕТ

Претседателот на Аргентина нападнат со камења на предизборен митинг (ВИДЕО)

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи остана неповреден откако врз него биле фрлени камења за време на предизборен митинг во близина на…

August 28, 2025
СВЕТ

Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата

Сирискиот претседател Башар ал Асад го напуштил Дамаск, пишува „Ројтерс“. Според извештаите на медиумите, тој со авион заминал во непозната…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?