Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургија по повод 1700 години од Првиот вселенски собор

- Advertisement -

Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј отслужи архиерејска божествена литургија.

-Годинава се навршуваат 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи. По тој повод денес, 31.5.2025 г., денот спроти Неделата која што сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, во археолошкиот локалитет Стоби се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј, соопшти МПЦ-ОА.

На литургијата присуствуваа верници од целата земја, а меѓу нив и министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претставници на локалната самоуправа.

Сподели ја оваа статија