Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре го играат седмиот дуел од АБА 2 лигата, а противник им е екипата на Подгорица Бемакс. Македонскиот претставник по шест натпревари има биланс од три победи и три порази и се наоѓа на 10.место на табелата, а победата е потребна за пласман во следната фаза.
– Ова е натпревар што мора да го добиеме. Победата во домашната лига ни ја крена самодовербата и мислам дека со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта. Играме на домашен терен и секако очекувам поддршка од трибините, изјави тренерот на „металците“ Васко Атанасов.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Подгорица Бемакс се игра утре (среда) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.