Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
ХРОНИКА

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана

Објавено January 27, 2026 17:23
Сподели
Сподели

Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“.

-Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово – соопшти албанската полиција.

Според полицијата, по неколкумесечни истраги и потраги од страна на Дирекцијата на Специјалната оперативна единица, осомничениот бил лоциран во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција.

Проверките покажале дека по Шерифи била распишана меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело „Убиство“, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор.

Според надлежните органи, Шерифи се сомничи дека на 5 октомври 2007 година, во селото Копаница во Скопје, со огнено оружје убил три лица.

-При физичкиот претрес и во станот, кај лицето се пронајдени и одземени еден косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, сите фалсификувани, со податоци за државјанин од Косово – се наведува во полициското соопштение.

Се додава дека процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се упатени до Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Тирана, за понатамошно постапување.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ќе ги продолжи процедурите за екстрадиција на Шерифи во РС Македонија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Атанасов: Со агресивна одбрана и организиран напад ќе можеме да дојдеме до целта
Следна Статија Гроздан Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицајци спасија лице кое се обидело да се фрли од мост во Куманово

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство „Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Уапсени две кумановки откако измамиле 19 лица и во нивно име подигнале брзи кредити

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода 22-годишната А.С.Д. и 34-годишната М.В., двете од Куманово, поради сомнение…

July 15, 2026
ХРОНИКА

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители му помогнале на 18-годишникот, кој на 9…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Ужас во Гостивар: Малолетничка сексуално вознемирувана од братот

На 28.04.2026 во 09:20 часот во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?