Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово, ќе се „чешлаат“ и безалкохолните пијалаци

Објавено March 4, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи ( остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка. Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а пратките нема да се пуштаат во промет се до добивање на резултат со кој ќе се потврди безбедноста на производите.

Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е и увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја. 

Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии. 

За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово,  ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
Следна Статија Османи со закани: Нема локални без парламентарни, без Закон за јазиците, без Балансер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Експерти од странство ќе проверуваат дали се извршувале непотребни операции за профит, по укажувањето на кардиологот Кедев

Експерти од странство, кардилози и кардиохирузи, но не од регионот, туку од Европа ќе проверуваат дали во Македонија се извршувале…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот

Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум…

July 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Владата усвои препораки поради топлотниот бран

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури…

July 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски за Меморандумот на Владата и СЗО: Испраќаме силна порака дека здравјето е фундаментално право

Денес ја зајакнуваме една од најважните стратешки соработки за нашата држава – партнерството помеѓу Владата на Македонија и Светската здравствена…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?