Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Објавено December 20, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички барања што ги испорача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот Конгрес, но не изостана и барањето за целосен ветинг на сите функционери во изминатите три децении.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на таканаречен „извршен Бадентер“. Според овој механизам, секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од вкупното мнозинство пратеници, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Покрај уставните измени, Ахмети инсистираше и на „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години, вклучувајќи и истрага за потеклото на имотот и приватизацијата.

„Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. (…) Прво, избор на Владата со двојно мнозинство, односно извршен Бадентер; Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници“, смета Ахмети.

Во однос на судството, лидерот на ДУИ побара законите донесени со Бадентер во Собранието, да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу судиите.

„Предлагаме уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници нема да се донесуваат без заемна согласност меѓу судиите“, порача Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските
Следна Статија Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Индициите за злоупотреби се големи, правда мора да има!

Вечерва во Валандово се одржа мини-митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Говорници беа кандидатот Ѓоко Камчев, потпретседателот на партијата Александар…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста на граѓаните

„Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

Шест месеци јавното обвинителство е во зимски сон. Шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?