Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

Објавено November 28, 2024 13:35
Сподели
Сподели

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“.

Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал.

Мицкоски и порача на Пашоли да им пренесе на нејзините сопартијци кои, рече, требало да седат покрај неа, „дека најголем дел од нив и ним блиските се поврзани со основани сомнежи за злоупотреба и сторен криминал којшто го направиле во изминатите повеќе од 20 години активно учествувајќи во власта“.

Жалам што поради тоа што со употреба на европско знаменце, преку политички мускули донесовте измени во Кривичниот законик, па најголем дел од тие луѓе, на кои сега им се обраќам преку вас, нема да може да одговараат. Затоа вие и ги донесовте тие измени на Кривичниот законик за тие луѓе да ги заштитите да не одговараат. Сега се кријат зад превезот на создавање етничка фрикција. Ние тоа нема да го дозволиме бидејќи сме одговорна влада која се грижи за сите граѓани на целата територија на Македонија – истакна Мицкоски.

И предложи на пратеничката да праша некој од Извршниот комитет на ДУИ зошто дел од нивните роднини, за кои веќе има поднесено кривични пријави, не се во земјава и се избегани, и како „се купуваат трговски центри од голобради момчиња“ во центарот на Скопје, исто како и „деловни објекти од стотици квадратни метри од роднини на високи функционери на ДУИ“ кои, рече, и со помош на алхемија не можеле ни приближно да стекнат такво богатство. Ја покани пратеничката да прошетаат за да ги видат „хациендите во кои живеат луѓе кои се дел од структурите на ДУИ, ним блиски и нивни роднини“, и нивната имотна состојба да ја споредат со она што го поседувале пред 20 години.

Наеднаш кога не сме на власт, кога не можеме да играме фудбалчиња по канцеларии и не можеме да ги злоупотребуваме и користиме ресурсите кои ги плаќаат граѓаните, кога не можеме да живееме на товар на буџетот, тогаш веќе преминуваме на реторика која е милитантна и има цел да создаде фрикција, етнички тензии, бидејќи сте немоќни на друг начин да привлечете луѓе кои ќе ви се приклучат. Зашто Албанците се многу паметни во нашата Македонија и тие знаат што правевте изминатите 20 години и ги гледаат белите дворци што се изградија преку ноќ – рече Мицкоски со порака до ДУИ да се реорганизира, реструктурира и да направат нова платформа.

За обвинувањето од пратеничката Пашоли дека со иницијативата за преразгледување на Законот за употреба на јазиците во Уставниот суд се оспорува албанскиот јазик, премиерот одговори дека тие се судиите предложени токму од нејзината партија и дека се „истите обвинители и судии“ кои од разни причини и оправдувања не потпишуваат налог за претрес или приведување на осомничени за криминал.

Истите тие се денес во Уставниот суд кои вие ги гласавте и вие ги предлагавте. Не јас, не ВМРО-ДПМНЕ, вие заедно со вашите коалициски партнери од СДСМ и останатите политички партии кои го формираа тоа мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ беше против. Ваму сте моќни – овие преку ноќ да добијат анксиозност, дијареја и повишена температура и да не можат да потпишат налог за претрес, приведување за осомничени за сторен криминал и сега сакате да кажете дека ние, од владината коалиција, можеме нешто да направиме. Не, тезата ви е погрешна – рече Мицкоски.

Пратеничката Пашоли реплицираше дека е разочарана од одговорот на премиерот и смета дека ја злоупотребил собраниската говорница зашто само две минути посветил да одговори на нејзиното прашање кое, рече, е многу важно за Албанците.

Не кажавте јасно и гласно дека не сте против употребата на албанскиот јазик… Ако со дела, а не со зборови, ќе ги уцените правата на Албанците, тогаш ќе ја ставите во опасност иднината на Македонија, рече пратеничката на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0
Следна Статија Aркан бил донесен за да ги создаде „Делиите“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ објави „потсетник“ за корупција за случајот: Тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени

СДСМ денеска објави „потсетник“ за корупција наменет за Владата и за институциите задолжени за борба против корупцијата. Во продолжение соопштението…

December 3, 2025
ПОЛИТИКА

Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп

Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии,…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Филипче одмара во Грција и пишува статуси за Кочани? ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали лидерот на СДСМ е на средба со Заев во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ја праша опозициската партија СДСМ каде е нејзиниот лидер и дали е тој на одмор во Грција…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство

СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?