Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори
ПОЛИТИКА

Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

Објавено June 6, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните побара лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети вечерва на централен настан во Чаир по повод 23 години од основањето на партијата.

-Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно определени заедно со локални да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа го бараме зашто тоа е спас за сите нас и за одржлива стабилност, истакна Ахмети.

Како што рече, во 23-те години постоење, во 18 изборни циклуси ДУИ била без пораз, што потврдува, рече, дека партијата е основана на цврсти темели. Во фокусот им биле правата на Албанците почнувајќи од легализацијата на Тетовскиот универзитет до правична застапеност на Албанците во сите области и институции.

-За опонентите станавме опасност со нашата професионалност и подготвеност и една од пречките за актуелните политичари е тоа што од нас се плашат. Не држи тоа што го велат дека ДУИ е корумпирана… Ајде да направиме ветинг, зошто се плашите од ветинг, ајде да отвориме истрага за потеклото на имотот на сите политичари, за приватизацијата како се случи во нашата држава од 1991 до 2001. Не велам да почнеме од Христијан, туку да почнат од мене, рече Ахмети.

Нагласи дека ДУИ не бара ништо повеќе од тоа да се воспостават европски стандарди, бара правда и сака стабилност во целиот регион. Покрај тоа што им е погазен легитимитетот, рече Ахмети, врз ДУИ „се врши политички прогон поврзан со судски процеси“.

-Можат да лажат и да замајуваат тие што не знаат и немаат искуство, но не и ДУИ. Сите процеси се политички, поврзани со министри и со прогон на градоначалниците за да ги исплашат со намера тие да се откажат од политиката и програмските определби на ДУИ, Но, им велам – залудно ви е зашто кадарот на ДУИ не се плаши од уцени и притисок, но тоа не е добро за политиката во нашата земја, рече Ахмети на собирот.

Ги критикуваше противниците од Вреди затоа што во ова нивно време се случува, рече, отстранување на Албанците од институциите и неправилности при вработување.

-Вака не се градат одржливи односи меѓу заедниците. Затоа, добро е да размислат и да се откажат од ваквиот пристап. Добро е да го следат примерот на Арбен Таравари. Кога тој виде како е деградирано албанското прашање и дека сакаат да го закопаат Охридскиот мировен договор, тој ги напушти и добро направи. Добро би направиле и тие што се сега таму. И тие да не бидат дел од овој црн дел од историјата против Албанците во Северна Македонија, рече Ахмети, додавајќи притоа дека нивни опонент е ВМРО-ДПМНЕ, а „не овие нашиве“.

Порача дека на земјата и е потребно зближување и координирање на политиките зашто таа е земја на сите етнички заедници што живеат во неа.

– Меѓуетничките односи се алфа и омега за мир, стабилност и просперитет на оваа држава, порача лидерот на ДУИ Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци
Следна Статија Скопје погодено од невреме, силен ветар, дожд и град

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство…

December 21, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Потребен е ветинг за политичките партии да не прераснат во јавни обвинители или во судии, изјави претседателот на политичката партија…

February 8, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски ја фрли ракавицата: Ако сакате избори и сте силни, ајде на избори!

Треба да се сте сигурен дека овие седум години позади нас, ниту јас, ниту било кој од нас ќе ги…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од вчерашниот народен митинг,…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?