Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци
ЗДРАВЈЕ

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

Објавено June 6, 2025 19:44
Сподели
Сподели

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа денеска од ДСЗИ за МИА.

– Имајќи во предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, ДСЗИ согласно член 296 од Законот за здравствена заштита, ќе поднесе иницијатива до министерот за здравство, за формирање на комисија за стручен надзор, велат од ДСЗИ.

Притоа појаснија дека по објавена информација за починато тригодишно дете од Кавадарци, Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извршил вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи, со цел да се следи патот на лекување на детето. Извршени биле надзори во ПЗУ Ординација по општа медицина Целзус Нова во Кавадарци, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и во ЈЗУ УК за детски болести Скопје.

При вонредните инспекциски надзори, од увидот во здравствената евиденција и медицинска документација за детето, како и изјави на здравствените работници кои учествувале во лекувањето, констатирана била фактичка состојба. Од ДСЗИ рекоа дека се работи за тригодишно дете од Кавадарци, родено во јануари 2021 година. Детето било со неколку коморбидитети, поради што во повеќе наврати било лекувано во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ УК за детски болести Скопје. На 3 јуни во пет часот, детето било донесено во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци од страна на неговите родители, прегледано од дежурен доктор, специјалист по детски болести, кој врз основа на прегледот и испитаните параметри, проценил дека нема потреба од хоспитализација. На инсистирање на родителите, бил издаден упат за ЈЗУ УК за детски болести Скопје, каде детето било однесено со сопствен превоз.

-Според изјавата на присутните здравствени работници во ЈЗУ УК за детски болести, детето било донесено во раните утрински часови околу осум часот директно на Оддел за кардиологија, без знаци на живот. Веднаш било однесено во Оддел за интензивна нега и реанимација, но детето не покажувало знаци за живот, утврдиле од Инспекторатот.

Оттаму потсетија дека директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, формирал Комисија во состав од тројца доктори, за утврдување на материјална одговорност на здравствени работници кои учествувале во лекувањето на пациентот. Во тек било изготвување на извештај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Клиничкиот центар на Србија во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
Следна Статија Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Ставајте крем за сончање и за низ град, советуваат дерматолозите

Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен…

July 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за детски болести за 11 месеци се реализирани проекти во износ од 40 милиони денари

Реализирани се 11 проекти за 11 месеци на Клиниката за детски болести во Скопје, беше кажано на денешната презентација на…

June 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поедноставување на патот на пациентите со рак – оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Општиот успех на здравствената заштита да се структурира околу потребите на пациентите, меѓу останатото, се огледа и во потребата од…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?