Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност

Објавено October 10, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, учествуваа на работна средба по повод одбележување европски викенд на органодонорство, во организација на националниот координатор за трансплантација, проф.д-р Билјана Кузмановска и директорите на универзитетските клиники за дигестивна хирургија, д-р Костовски, на урологија д-р Шабани и на нефрологија д-р Ѓорѓиевски.

На денешната средба по повод одбележување на Европскиот ден на органодонорство – ден посветен на хуманоста, солидарноста и надежта, проф. д-р Кузмановска упати искрена благодарност до сите дарители и нивните семејства, кои дури и во моменти на најголема болка, донеле храбра одлука да подарат живот.

Органодонорството претставува еден од највисоките изрази на човечка добрина — чин со кој се спасуваат животи и се дава втора шанса, истакна проф. д-р Кузмановска.

Алиу изјави дека министерството за здравство е континуирано посветено на унапредување на оваа дејност и стручно доусовршување на тимовите за трансплантација.

Изминатиот период, седум доктори хирурзи и специјалист-нефролог беа упатени на обука во Република Турција за трансплантација на бубрези. Во сегментот на трансплантација на црн дроб, двајца хирурзи се едуцирани во Турција за трансплантација од жив донор. Само од почетокот на годинава досега, тимовите за трансплантација кои работат исклучително посветено и пожртвувано, извршија трансплантација на бубрези кај шест пациенти од починат донор, две трансплантации на црн дроб од починат донор, како и експлантации на коски и лигаменти, истакна министерот Алиу.

Одбележувањето на европскиот викенд на органодонорство е на иницијативна на Европската комисија со цел подигнување на јавната свесност за важноста на овој чин кој спасува човечки животи.

Дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност, а воедно е надеж за пациентите – светлото на крајот од тунелот што им го спасува и продолжува животот. Нашата тенденција е што е можно почесто да зборуваме за органодонорството како исклучително значајна медицинска и општествена тема, рече министерот Алиу.

Директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, д-р Огнен Костовски информираше дека клиниката има направено голем исчекор во трансплантациите на црн дроб, кои се едни од најсложените трансплантации и претставуваат голем предизвик за медицинските тимови.

Д-р Башким Шабани, директор на Клиниката за урологија се осврна на унапредување на новиот Центар за трансплантација, кој е целосно реновиран, како и на континуираното зголемување на бројот на тимовите кои ја вршат трансплантацијата.

Исто така, директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски укажа на важноста на органодонорството, посебно за лицата со бубрежна болест, што претставува најдобар метод за нивно лекување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
Следна Статија Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Јадете ги овие три намирници и ќе ослабете до почетокот на летото

Доколку сакате да ослабете до летото, сега е вистинското време да започнете со здрави промени во вашата исхрана. Според нутриционистите,…

May 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката…

January 24, 2026
ЗДРАВЈЕ

Лекарска комора: Д-р Кузмановски нема активна лиценца за работа, има поднесено барање за нејзино продолжување

Докторот Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15-ти март годинава, но докторот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија, за 20 дена 13 заболени лица

Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?