Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите
ЗДРАВЈЕ

Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите

Објавено November 20, 2024 14:50
Сподели
Сподели

Дури 45 отсто од попуацијата во Македонија пуши цигари. Пушењето е главен ризик фактор за појава на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и докторите на Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение (МРЗ) побараа да се врати Законот за забрана на пушење во јавни простории и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и користењето на електорнските цигари.

Денеска, на 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на ХОББ.

По новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години, изјави на денешната прес-конфренција директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Оливер Зафировски.

Проф. д-р Оливер Зафровски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија / Фото: Принтскрин од МИА

Според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши циграри. Ние сме лидери на Балканот и овој процент е многу висок. По најновите испитувања од 600 токсични материи, 70 се директно канцерогени и се основна причина за појава на канцер на бели дробови. Исто така ја влошуваат функцијата на белите дробови кај лицата кои имаат ХОББ. Мора да се води камапања, пушењето е зависност и мора да се лекува. За жал, ние немаме центри каде што треба да работат психолози. Границата е многу спуштена, дури под 10 години. Пушењето е само почеток, потоа следи консумирање алкохол, дрога..Мора да почнеме од рана детска возраст и во школите имаме проект „Време е, откажи се, биди умен, почни здрав живот“. Во скоро време ќе ја почнеме кампањата, од основните училишта па во средните, за да може да сфатат колку е штетно пушењето, изјави проф. д-р Зафировски.

Д-р Марија Здравеска, од Клиниката за пумологија апелираше да се направат сериозни чекори повторно да се врати Законот за забрана на пушењето, бидејќи кај нас не само пушачите што се одговорни за својот живот, туку се одговорни за животот на другите луѓе кои не пушат, особено на младите деца.

Бидејќи ако емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, особено е штетна за младиот организам кој се развиа. Децата се повеќе склони за развојни проблеми, се намалува капациеттот на белите дробови заради изложувањето на пушењети, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме и како Клиника и како Македонско респираторно здружение за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на електронските цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, оданочување и во смисла на користење и во смисла на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизивкуваат зависност, изјави д-р Здравеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари
Следна Статија Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно…

March 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и…

December 23, 2024
ЗДРАВЈЕ

ФДА одобри пилула за намалување на телесната тежина Вегови

Вегови станува прва таква пилула одобрена, проширувајќи ги лековите за намалување на тежината надвор од инјекциите.

December 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДОКТОР КАТЕ ОСТАНУВА: Во кочанската болница повредените во „Пулс“ ќе продолжат да ја имаат потребната нега

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?