Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари

Објавено November 20, 2024 14:40
Сподели
Woman housewife looking check in the store
Сподели

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62.021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77.396,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61.249,00 денари е зголемена за 772,00 денари.

Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања, велат од ССМ.

Трговците, како што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари.

Трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно за 7,9 отсто.

Од ССМ велат дека разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен полицаец тврди: На полициски функционери им кажав оти знам каде е Палчо, никој не ми се јави туку само ме следеа
Следна Статија Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Самит на Македонија2025 – Просперитет, технологија, иновации

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На…

May 8, 2025

Резултати од Powerball наградата за понеделник, 19 јануари 2026 година

Додека сите сакаат да бидат први добитници на Powerball наградата во 2026 година, никој сè уште не ја побарал наградата…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Зошто изборот на Трамп за претседател на Федералниот резерв влијаеше на пазарите на злато и сребро – за добри причини

Иако Трамп останува скептичен кон независноста на централната банка, неговото именување на Варш сугерира дека ги препознава важноста на кредибилитетот

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Kомпании од одбранбената индустрија заинтересирани за инвестирање во Македонија

Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?