Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга
ЗДРАВЈЕ

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

Објавено July 7, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга, изјави денеска на прес-конфренција во Владата министерот за здравство Азир Алиу по повод една година Влада.

Алиу не кажа во кои здравствени иституции се барало мито и рече дека е формирана група која ќе работи само на овие информации.

Минатиот петок, на 4 јули се одржа првиот отворен кабинет со министерот за здравство на кој граѓаните може онлјан да закажат средба со Алиу на која било тема. Граѓаните електорнски може да се пријават за состанок со министерот за здравство, а средбите се одржуваат секој петок и траат по 15 минути.

Како што кажа Алиу, вкупно 39 граѓани поставиле прашање, а од нив 27 биле на македонски јазик и 12 на албански.

Најчесто спомнати здравствени институции се неколку, тип на злоупотреба на жалби се непрофесионално однесување, игнорирање на пациент, немање соодветен третман, неиспоилнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга и мито. Ова се неколку теми. За да бидеме сигурни дека овие податоци се точни, кај нас е креирана канцеларија која се занимава само со овој дел од инфорамциите. Нормално, тие институции кои се спомнати ќе имаме состанок со надлежните, и ќе дојдеме до одговор или одбивање на тоа што го имаме како информација, изјави Алиу.

На новинарско прашање кој ќе ги лови митаџиите во македонското здравство Алиу кажа:

Министерството за здравство креира политика за здравство и треба да ги следи сите политики во здравството и тука завршува нашата одговорност кон процсот наречен здравствен систем. Понатму, истите ако се докажуваат и ако има елементи за понатамошно процесирање, има институции кои ние ќе ги пријавиме. Во оваа фаза е многу рано да се имеуваат клиники или сервиси, ние не сме сигурни дека тие податоци се точни. Ќе не оставите недела-две да соопштиме, изјави Алиу.

Министерот за здравство Алиу кажа дека на средбите во петокот дошле граѓани од повеќе градови во државата и некои од нив имале фантастични идеи.

Потоа во саботата имавме работен состанок со тимот, некои од тие идеи ги претвораме во акциски планови. Во втората група имаше граѓани кои се незадоволни од здравствените услуги кои ги добиваат како пациенти и третиот дел беа граѓани кои дојдоа да се информираат која е визијата на министерството и како нивните деца да се снајдат во системот. Некои од нив имаат деца кои се трета или четврта година на Факултет па сакаат да знаат, слушнале за вработувањата 300 плус 300, па сакаат да знаат како во иднина тоа ќе се реализира, изјави Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
Следна Статија Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе…

April 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни…

August 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?