Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Корисни совети: Како да се заштитите од крлежи?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Корисни совети: Како да се заштитите од крлежи?
ЗДРАВЈЕ

Корисни совети: Како да се заштитите од крлежи?

Објавено June 1, 2026 11:39
Сподели
Сподели

Крлежите се ситни паразити кои се хранат со крвта на своите домаќини, а најчесто се наоѓаат во висока трева, грмушки, шумски површини, паркови и неуредени зелени површини. Во природата, крлежите ги чекаат своите домаќини на врвовите на тревата и ниската вегетација, од каде лесно се закачуваат за кожата на луѓето или животните додека минуваат низ вегетацијата. Тие се најактивни во потоплиот дел од годината, особено од пролет до рано лето, но во поволни климатски услови можат да се појават и надвор од овој период.

Крлежите можат да пренесат неколку болести на луѓето преку каснувања, кои се претежно животински болести (зоонози), и само под одредени услови се пренесуваат на луѓето. Крлежите се инфицираат со цицање крв од заразено животно или преку трансоваријален пренос од мајка на потомство.

Луѓето се инфицираат откако ќе бидат каснати од заразен крлеж кој ги пренесува патогените на луѓето со својата плунка, но исто така и со гмечење на крлежот преку оштетена кожа или мукозни мембрани.

Крлежите пренесуваат бројни болести, од кои некои се: Лајмска болест, менингоенцефалитис што се пренесува преку крлежи, туларемија, кримско-конгоанска хеморагична треска, рикециоза, ерлихиоза итн. Вакцинацијата може да спречи појава на менингоенцефалитис што се пренесува преку крлежи. Треба да се нагласи дека вакцината штити само од оваа болест што се пренесува преку крлежи, но не и од Лајмска болест, која е најчеста.

Доколку е настанато каснување од крлежот , отстранувањето на крлежот од кожата треба да се направи без влечење или стискање. Пред отстранување на крлежот, не треба да се нанесуваат хемикалии (алкохол, бензин, масла итн.), бидејќи тоа ќе предизвика грчење и лачење на повеќе секрети. Се препорачува крлежот да не се извиткува, туку да се извлекува без тргање. Крлежот треба да се отстрани со пинцета, фаќајќи го што е можно поблиску до кожата и нежно влечејќи, а по отстранувањето, местото на каснување треба да се дезинфицира. Местото на каснување од крлежот треба да се набљудува до еден месец. Појавата на црвенило (еритема мигранс) е доказ за инфекција со предизвикувачкиот агенс на Лајмска болест, која бара лекување.

Препораки до населението:

Избегнување на области заразени со крлежи, ендемски области

• Косење и уредување на површините каде што луѓето се најчесто присутни треба да се прават само со носење заштитна облека

• Избегнување на одење низ висока трева и густа вегетација

• Одење по обележани патеки во природа

• Користење инсектициди за убивање на крлежи (на телото и облеката, особено на изложените делови од телото)

• Соодветно облекување (долги ракави и панталони, тесна облека, собирање панталони во чорапи, носење капи и шапки)

• По враќањето од природа, проверете ја облеката и целото тело, особено кај децата (треба да се запомни дека крлежите може да се пренесат и на облека и други предмети, на пр. торби)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НОВА АКЦИЈА – НОВО ЃУБРЕ: Во Охридското езеро извадени автомобилски гуми, градажен шут, пластични маси, стаклена амбалажа
Следна Статија Oвие млекари мамеле со декларациите на своите производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравствена агенција го упатува провајдерот на лажни GLP-1 лекови Hims & Hers до Министерство за правда

Регулаторните власти преземаат мерки против неодобрени маркетинзи на препарати за намалување на тежината

February 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин

Нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа во текот на претстојниот месец, најави денеска директорот на Фондот за здравствено…

June 25, 2026
ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата најде решение: Ќе се стави крај на хаосот со паркирањето на Клинички

Долгогодишниот проблем со пристапот до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје конечно влегува во фаза на решавање. Владата вчера одлучи…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?