Од автомобилски гуми, градежен шут, па сè до пластични столови, маси и стаклена амбалажа фрлена директно од пловни објекти или од брегот.
Со отпадот во Охридското Езеро може да се опреми двособен стан алармираат нуркачите и волонтерите кои се впуштија во нова акција за чистење на дното на езерото во потегот кај селото Калишта.
Локалните нуркачки клубови при нивните редовни акции за чистење вадат застрашувачки количини отпад од дното на езерото, дури и на места кои важат за туристички атракции. Најзагаден е делот кај Радожда
Акција на чистење во Калишта е четвртата по ред а се спроведува под слоганот „Нов живот за езерото“ во организација на Клубот за подводни активности „Езерски Пулс“ и Нуркачкиот клуб „Скаут“ од Струга.
Покрај домашните нуркачи и еколошки активисти, во Калишта денеска чистеа и гости-нуркачи од Србија и Хрватска друштво им правеа бројни волонтери, млади луѓе, граѓани и еколошки активисти кои помагаат во прифаќањето, селектирањето и депонирањето на извадениот отпад на самиот брег.
