Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фондот за здравство предупредува за лажна веб-страница на ФЗО која има за цел да ги украде личните и финансиски податоци на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фондот за здравство предупредува за лажна веб-страница на ФЗО која има за цел да ги украде личните и финансиски податоци на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Фондот за здравство предупредува за лажна веб-страница на ФЗО која има за цел да ги украде личните и финансиски податоци на граѓаните

Објавено March 24, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните, се вели во соопштението од ФЗО.

Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса), податоци за здравствено осигурување, податоци за банкарски сметки и кредитни картички, и кориснички имиња и лозинки.

ФЗОМ ги предупредува граѓаните да не ги внесуваат своите лични податоци на веб-страницата fzom.net. Официјалната веб-страница на Фондот е исклучиво fzo.org.mk.

Оттаму додаават внимателно да се провери веб-адресата пред да се внесе какви било лични податоци, да не се клика на линкови од сомнителни е-пошти или пораки.

Не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого. Пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица. Официјалната веб страна на ФЗОМ никогаш нема да побара од вас внесување на банкарски податоци, велат од ФЗО.


ФЗОМ веќе презема мерки за да ја блокира оваа лажна веб-страница и да ги заштити граѓаните. Фондот соработува со надлежните органи за да ги идентификува и казни сторителите на оваа измама. За дополнителни информации и пријавување на сомнителни активности, граѓаните можат да се обратат на:

• Официјалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mk
• Телефонскиот број на ФЗОМ:
• 02 3289 000
• Е-пошта: info@fzo.org.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра
Следна Статија Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври/5 јануари, а на 20 јуни/3 јули му e лeтeн празник) Православните верници денеска…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се огласи ОЈО: Ќе истражува кој го следел Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?