Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „И два насто доверба ви се премногу“: Судски совет не се „собра“ ниту за избор на нов претседател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „И два насто доверба ви се премногу“: Судски совет не се „собра“ ниту за избор на нов претседател
МАКЕДОНИЈА

„И два насто доверба ви се премногу“: Судски совет не се „собра“ ниту за избор на нов претседател

Објавено December 3, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Што да очекувате од Судски совет чии членови не можат да се „соберат“ и да формираат кворум ни за назначување нов претседател, не па за нешто помалку сериозно? Ова е логичното прашање кое си го поставија граѓаните по вчерашната папазјанија во советот на судии кои по театралната оставка на довчерашната претседателка Дамева (која, само замислете,  требаше да заврши со мандатот „дури“ утре), не се собраа да обезбедат кворум за избор на нов претседател на институцијата која раководи со судството со два насто доверба кај граѓаните.

„И два насто доверба ви се премногу“ е само еден од коментарите на ФБ кој одлично ја отсликува соостојбата, имиџот и довербата на граѓаните кон Судскиот совет и македонското судство чији перјаници треба да бидат токму дотичните членови и чие распуштање како идеја и немера на премиерот Мицкоски наиде на инстант огромна поддршка во општеството.

Судскиот совет вчера попладне не избра нов претседател, затоа што имаше отсутни членови на итната седница што ја закажа претседателката Весна Дамева, откако претходно поднесе неотповиклива оставка.

Отсутни од итната седница беа судијката Лорета Георгиева опоради боледување и судијата Александар Камбовски поради годишен одмор.

По нејзината неотповиклива оставка Дамева свика итна седница на која првата точка од дневниот ред беше да се констатира дека таа повеќе не е претседател на Судскиот совет, а втората точка требаше да биде избор на нов.

Членот на Советот, судијата Исамедин Лимани предложи таа точка да биде одложена.

Советот не е во полн состав на советот, двајца се отсутни од седницата. Исто така, ние сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот, еден член од судиите од општата листа од апелациското подрачје Штип и еден член од посебата листа, а изборите ќе се одржат на 11 декември. Затоа предлагам изборот на нов претседател на Судскиот совет да биде подоцна – рече судијата Лимани.

Со ваквата аргументација се согласија и другите членови и едногласно, со 11 гласа „за“ донесоа одлука изборот на нов претседател да биде одржав на некоја од наредните седници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање
Следна Статија Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема

По наводите дека „Зимзоленд“ работи без потребната дозвола, Општина Аеродром, на чија територија е поставен забавниот парк, соопшти дека во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?