Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
ЗДРАВЈЕ

Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра

Објавено April 25, 2026 11:12
Сподели
Сподели

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

– Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Оваа инвестиција е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
Следна Статија Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Жан Митрев дава силна поддршка: Клиниката подготвена за комплексни трансплантациски операции

Д-р Жан Митрев ја дава својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека ова е…

February 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Се решава недостатокот на персонал во прилепската болница, се вработуваат 21 доктор и над 100 здравствени работници

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски објави за напредокот кој за една година е постигнат во Општата болница Прилеп. -При посетата…

July 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев

Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?