Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено July 7, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7 отсто, а вредноста за дури 17,7 проценти. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13 отсто по број и за над 30 проценти по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70 отсто) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно. И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1 проценти, а вредноста за 8,6 отсто. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1 отсто), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6 отсто), стои во соопштението.

Од Народна банка додаваат дека овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром
Следна Статија Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е непопуларна и Владата знае, за една-две години ќе имаме ниска стапка на инфлација

На Владата не ѝ одговара да има висока инфлација и на највисоко ниво таа е свесна за тоа. Кога одат…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Народната банка овозможи нова веб-апликација „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица“, современа дигитална…

December 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градежни инспектори нема ни за лек

Нема кој да врши инспекциски надзор во градежништвото, бидејќи последниот инспектор кој работел на тоа исполнил услови за пензија на…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?