Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова
ПОЛИТИКА

Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова

Објавено October 10, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова на Скопје ќе му ја враќа Чаршија со низа проекти. Ви – фи зони, обнова на дуќаните и отворање школи за занаети и мајсторски работилници се дел од ветувањата.

„Старата скопска чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа, но таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност. Нашиот план е јасен, визијата е конкретна – да ја вратиме Чарпијата на скопјани. Имаме решение за Чаршијата – секојдневно чистење,  нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони со почит кон автентичниот изглед. Имаме во план поддршка за дуќанџиите и занаетчиите со буџетски средства за реконструкција на дуќани со правна и финансиска помош, со отворени школи за занаетчии и мајсторски работилници. Нашата цел е Чаршијата конечно да добие еден центар за управување под целосна надлежност на Град Скопје без лавиринти меѓу институции туку ефикасна, брз и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму“, рече Шукова.

За културата и уметноста таа најави посебни проекти.

„Културата ќе добие вистински дом. Реновирање на Сули Ан, поддршка за студентите по ликовна уметност, отворање на арт – атељеа и културни програми. Уметноста не смее да живее во распаднати ѕидови. Исто така имаме план за развивање дигитална платформа за туристи и јазични обележја, подобрена пешачка структура и европски културни рути затоа што Чаршијата мора да привлекува туристи, да живее и да расте“, вели Шукова.

Сите проекти што ги наброја кандидатката за градоначалничка на Скопје вели дека не се само уште едно ветување туку визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Скопје

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност
Следна Статија Ѓорѓиевски најави поликлиника во Општина Кисела Вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Општина Брвеница го посети кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски, кој е кандидат за…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски претставува значајна победа за правната држава

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за системски, а не персонален чин,…

December 16, 2025
ПОЛИТИКА

За руските пранкери Заев е најглупавиот политичар, крал на нивните шеги

Зоран Заев поранешниот прмеиер кој успеа „да падне“ на пранкерите Вован и Лексус мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко,…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?