Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус

Објавено September 8, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Годишнината од прогласувањето на независноста на Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети по повод Денота на независноста – 8 Септември, што МИА го објавува интегрално.

Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во земјата.

Потоа, во 1991 година, Албанците повторно беа исклучени и не беа дел од процесот на осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија, ниту пак беа акционери во изградбата на новата држава.

Така, беше изготвен дискриминаторски устав со кој се промовираше етничката супериорност на мнозинството врз Албанците и нивните заедници.

Во тоа време, неодговорни политичари го пропагираа архаичниот наратив „Македонија на Македонците“.

Се пропагираше постојаната невистина дека злото на земјата доаѓа од Албанците.

Тие владееја неодговорно преку инсталирање на непостоечки страв од „опасноста што и се заканува” на земјата од Албанците.

Овие погрешни политики завршија во 2001 година, кога Албанците и Македонците се здружија за да ја обноват Македонија, рамноправна и евроатлантска, преку спроведување на Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Новиот Устав, со сите политички препреки низ годините, беше основа за рамноправност, етничка, јазична, културна, образовна, со почитување на националните симболи и со распределба на општествените одговорности.

Овој нов начин на размислување, на соживот, взаемно почитување и еднаквост, го спроведе Охридскиот договор, ја придружи земјата во НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската Унија.

Но, сограѓани, денес сведочиме заедно дека не само што се враќаме само на истиот наратив, туку и на секојдневни делувања, кои што го поткопуваат соживотот и Охридскиот Договор, меѓуетничките односи, еднаквоста и досегашните заеднички достигнувања.

Моменталните партиски придобивки со антиалбанска кампања претставуваат неуспех за заедничката држава.

Партијата добива, државата губи!

Почитувани Македонци, никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците.

Повторувам, Албанците сакаат унитарна, еднаква држава, интегрирана во НАТО и Европската Унија.

Сè друго што го слушате постојано од Македонската политичка елита, е невистина.

Оваа годишнина, ги поканувам македонските политички лидери од целиот политички спектар да ја напуштат политиката на инсталирање на погрешна перцепција кај Македонците за Албанците и соживотот, да демонстрираат лидерство, да се вратат на патот на почитувањето на политичката волја на нивните сограѓани Албанци на избори, да се залагаат за еднаквост и спроведување на духот на Охридскиот договор и заедно да го следиме европскиот пат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Македонија
Следна Статија Девет првачиња во општина Пустец, едно повеќе од лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Венко Филипче сликан на аеродром во Венеција како патува во Дубаи

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Венко Филипче на аеродром во Венеција како патува за Дубаи. Венко Филипче штотуку…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бектеши и Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИУМОТ ВО КРУШЕВО ПЛИВА ВО ВОДА Немало ни пари ни кадар за да се санира?! (ВИДЕО)

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорниот одбор на М-НАВ избран без соодветен степен на образование

За да бидете член на надзорниот одбор на акционерското друштво „М-НАВ“, треба да имате најмалку 240 кредити, односно да имате…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?