Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ

Објавено March 17, 2026 16:53
Сподели
Сподели

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.

Ристов денеска со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.

Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година, ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш.

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот.

Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко, рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски.

Реагираше пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ која побара одговор од претседателот на Комисијата зошто во јавниот оглас е ограничен критериумот за образованието во однос на член 47 од Законот за енергетика.

РКЕ е значајна институција за енергетскиот сектор и за заштита на јавниот интерес. По член 47 од Законот за енергетика, кандидатот за претседател на РКЕ може да има образование во неколку различни области, но во огласот критериумите се ограничени само во електротехничкиот дел и тоа создава неусогласеност меѓу огласот и законот – рече Пашоли.

Сајковски појасни дека согласно член 47 од Законот за енергетика, РКЕ ја сочинуваат седум члена од кои еден е претседател, а досегашниот претседател Бислимоски бил магистер по електротехника.

Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје од 2400 евра
Следна Статија Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата.…

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нема опасност да ни биде запрен гасот

Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Нивото на јавниот долг на земјава на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од вредноста на…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?