Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски
ПОЛИТИКА

Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски

Објавено September 10, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова, која сега е кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно ветува средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните. Прашуваме со кое лице Шукова излегува повторно пред граѓаните и говори за Вардариште, кога таа изминативе 7 години беше државен секретар и министерка во Министерството за животна средина, а притоа таму работи над 20 години. Со ова, Шукова е директно виновна за случајот со Вардариште – рече Манасиевски.

Кога Шукова не успеа за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и министер, да го реши Вардариште, со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека дури сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем, праша тој.

Манасиевски потсети и дека во време на СДСМ, локалната и централната власт ги тргнаа чуварските служби од Вардариште и од Дрисла.

– СДСМ со Филипче, Заев и Шукова беа 7 години власт. Што  направија за 7 години власт во делот на животната средина? Ништо. Затоа граѓаните заслужуваат подобра животна средина и почист воздух, која ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски заедно ќе ја исполнат – рече Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања
Следна Статија Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

„Пред точно една недела Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти…

March 24, 2025
ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?